„Иста е на баба“ – Еве што наследуваат децата од бабите и дедовците, но и колкави се шансите да „повлечат“ на далечните роднини

Општо е познато дека децата го наследуваат половината од својот геном од мајката, а другата половина од таткото. Таа распределба е еднаква и точно се знае што добиваат од кого. Меѓутоа, кога се во прашање бабите и дедовците, ситуацијата е нешто поинаква.

Додека гените на мајката и таткото се подеднакво распоредени кај детето, за секој хромозом што ќе го наследи од едниот родител, тој има 50 проценти шанса да добие копија од својот дедо, а исто толку од баба, пренесува Србијаданас.

Тоа значи дека детето не наследува хромозоми само од едниот или другиот дедо, па сосема е сигурно дека има различен удел на гени од двете баби и дедовци.

Може да се случи детето да наследи голем сегмент од гени од едните баба и дедо, а многу мал од другите. Затоа, ако забележите дека вашето дете физички или психички личи на вашите родители, знајте каква е дистрибуцијата на гените.

Што се однесува до другите роднини, уште помали се шансите детето да има висок процент на гени од, да речеме, тетка или вујко.

Најчитани вести