Оваа житарка е преполна со колаген: ги подмладува, ги зајакнува коските и ги штити цревата, јадете ја што почесто

Колагенот е важен бидејќи е составен дел на ‘рскавицата, зглобовите, ноктите и косата.

 Јачменот е нутритивно богата житарка која падна во сенка на другите, по популарни видови. Но, уште од античко време е позната како храна која лесно се вари, содржи многу влакна и затоа е добра за цревата, на организмот му ги обезбедува потребните витамини како што се витамините Б, А и Е.

Исто така, јачменот содржи голема количина на лизин, аминокиселина која активно учествува во синтезата на колаген. Оваа супстанца е градежно ткиво на зглобовите, ‘рскавицата, но и ноктите, косата и кожата. Така може да помогне да се одржи еластичноста на кожата и да се спречи создавањето на брчки. Излупените зрна од јачмен се нарекуваат бисерен јачмен поради нивниот посебен сјај и можат да се подготват на неколку начини, а еден од најлесните е каша.

Состојки:

2 чаши излупен јачмен

4 чаши вода вода

6 чаши млеко

Истурете вода во садот со житарки и оставете го преку ноќ. Следниот ден, исплакнете и процедете, а потоа истурете ги житарките во загреано млеко. Оставете го млекото да зоврие, па поклопете, намалете ја температурата и варете на тивок оган околу час и половина

Најчитани вести