Продукцијата на Ѕвездите на Гранд продукција донесе важна одлука, Воја јавно објави: „Тоа е најмалку што можеме да направиме за Саша“
Воја Недељковиќ, водител на најгледаното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, најави одредени промени во однос на самиот натпревар и неговите учесници.
Водителот ја откри и веста која ќе ја одбележи оваа сезона, но и ќе го овековечи споменот на еден од најважните личности кои застанаа зад целиот проект – Саша Поповиќ.
– Одлучено е победничката статуа, која ќе ја понесе победникот во 2025 година, да го носи името на нашиот пријател, автор, творец на она што со години го правиме овде, Саша Поповиќ – откри Недељковиќ, а потоа додаде:

– Еден од овие млади луѓе од Србија или од регионот ќе ја однесе дома победничката статуа со името на Саша Поповиќ. И тоа е најмалку што можевме да направиме овие денови кога работиме без него.
Оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ е прва без Поповиќ, кој почина по кратка, но тешка битка со лошата болест. Иако се лекуваше помалку од една година, до последен момент веруваше во опоравување. Лекувањето го продолжи во Париз, но и покрај напорите на лекарите болеста напредувала.
Саша Поповиќ почина на 70-годишна возраст, опкружен со семејството, кое цело време му беше најголема поддршка. Неговите колеги од натпреварувањето до последен момент веруваа во неговото враќање и секојдневно му испраќаа пораки за поддршка.
Победничката статуа што го носи неговото име од оваа година ќе биде вечен потсетник на човекот кој создаде империја и ги отвори вратите на музичкиот свет за многумина, пишува српски Телеграф.


