Неделниот хороскоп за љубов и работа предвидува дека три хороскопски знаци ќе бидат најсреќни, тврдат астролозите. Кои знаци се тоа?
Овен
Љубов: Иако имате поволни услови за успех на љубовен план, често ќе имате расправии со партнерот. Слободните имаат повеќе додворувачи.
Работа: Ќе бидат успешни оние кои работат со млади и деца. Бидете вредни и реални, а успехот нема да изостане.
Бик
Љубов: Слободните луѓе ќе се чувствуваат како љубовта да ги заобиколува. Зафатени, не ги идеализирајте работите, чувајте го она што веќе го имате.
Работа: Ве очекува поголема парична добивка, која ќе ве мотивира да работите повеќе. Успехот ќе го гледате како лична заслуга.
Близнаци
Љубов: Можно е да запознаете интересна личност на патување или на некој настан. Оние кои се во врска може да имаат несогласувања поради различни интереси.
Работа: Ќе ви се појават одредени привилегии, но нема да бидете сигурни како да ги искористите. Не дозволувајте туѓите мислења да ве збунат.
Рак
Љубов: Слободните ќе бидат многу активни во потрага по сродна душа, додека оние во врска ќе внесат освежување преку заеднички активности.
Работа: Ќе имате борбен однос на работа, што може да предизвика непријатност кај колегите. Пристапете кон предизвиците посмирено.
Лав
Љубов: Ве очекуваат бројни излегувања со партнерот и социјален живот полн со убави настани. Не заборавајте да обрнете внимание на вашата сакана. Слободните уживаат во флертот со повеќе луѓе.
Работа: Идеите постепено ќе се претвораат во реалност, но сепак ќе работите успешно и со добра атмосфера.
Девица
Љубов: Љубовта наеднаш се буди, иако веќе сте навикнати на емоционална рамнотежа. Прилагодете се и не барајте недостатоци.
Работа: Ќе бидете успешни во решавањето на важните задачи, можен е напредок. Финансиски стоите многу добро.

Вага
Љубов: Се оди во добра насока. Планирајте патување или екскурзија со саканата личност, тоа ќе биде вистинско освежување.
Работа: Ќе успеете да ги остварите целите, но ќе ве мачи чувството на празнина. Ќе треба да почекате малку за наградата.
Шкорпија
Љубов: Ќе бидете отворени и топли, а луѓето ќе забележат. Лесно ќе го привлечете вниманието на спротивниот пол.
Работа: Доколку чувствувате дека нешто треба да се промени, направете го тоа смирено и смислено. Игнорирајте ја критиката.
Стрелец
Љубов: Ќе бидете зафатени со семејни обврски, можни се и гости кои би можеле да му пречат на вашиот партнер.
Работа: Се повеќе ќе сакате да одите на одмор. Сепак, ќе мора да ги завршите работите за кои мислевте дека се веќе завршени.
Јарец
Љубов: Се повеќе ќе ви станува јасно дека сте сакани, не расипувајте го тоа со непотребни прашања и сомнежи.
Работа: Ќе бидете максимално ангажирани. Вистински настани и сериозни задачи се пред вас, а вие тоа го сакате.
Водолија
Љубов: Можни се проблеми во врската поради недоверба за оние кои се зафатени. Слободните преку пријател или роднина ќе запознаат интересна личност.
Работа: Вашата стручност доаѓа до израз, но нема лесно да ја добиете посакуваната работа, ќе мора дополнително да се докажувате.
Риба
Љубов: Уживате во љубовната врска, а можно е и заедничко патување за викендот. Бидете отворени за зближување и евентуално да ја насочете врската чекор понатаму. Слободните можат да запознаат интересна личност.
Работа: Се чувствувате подготвени, но се уште не е време да покажете се што знаете. Почекајте.
Најсреќните хороскопски знаци во следните 7 дена се: Стрелец, Лав и Риби.


