(ВИДЕО) Се појави првото видео на Кети Пери од вселената: Пејачката покажа како лебдеше во бестежинска состојба

Кети Пери моментално е главна тема на светските медиуми  и тоа со добра причина. Имено, популарната пејачка заедно со уште пет познати дами полета во вселената како дел од историскиот „женски лет“ организиран од компанијата „Блу Оринџ“.

Летот траеше нешто повеќе од 10 минути, а екипажот успешно се врати на почвата на Западен Тексас.

Сега се појавија и првите снимки од капсулата, кои покажуваат како изгледала внатрешноста додека славните дами уживале во бестежинска состојба. Кети Пери, видно воодушевена, лебди во капсулата, ги покажува работите кон камерата, а потоа ги пушта да „летаат“ околу кабината.

За потсетување, ракетата „Њу Шепард“ полета од пустината Тексас, достигна брзина три пати поголема од брзината на звукот и успешно ја премина границата на вселената. По неколку минути лебдење и овации од задоволство, капсулата безбедно слета на Земјата.

Извор: slobodenpecat

Најчитани вести