Пејачката Теа Таировиќ ќе застане на лудиот камен и ќе го каже судбоносното „да“ на својот избраник Иван, пренесуваат медиумите.
Имено, венчавката ќе се одржи во строга тајност, надвор од Белград, а пејачката ги повикала само своите најблиски роднини, пријатели и одбрани колеги.

Сега за медиумите се огласи и нејзината мајка Божица, која не сакаше премногу да навлегува во детали за се, но јасно е дека во се ја поддржува својата наследничка.
– Видете, таа е навистина млада девојка и можеби е време навистина да се омажи зошто би било тоа чудно. Секако сум ЗА, кога е во прашање нејзиното момче – кратко изјавила таа, наведувајќи дека го поддржува тоа сегашното момче на нејзината ќерка да и стане зет.

Инаку, пејачката и нејзиното момче уживаат во голема љубов повеќе од две години, а се споиле за време на снимањето на спотот за песната на Теа во 2023 година, кога пејачката работела на вториот албум.
Нејзиното момче почнало да работи кај неа минатата година како обезбедување. Не се разделија, одеа секаде заедно и лека полека влегоа во врска, изјави тогаш за медиумите извор близок на пејачката.


