Shelly-Ann Fraser-Pryce е спринтер од Јамајка и една од најуспешните спортистки на сите времиња, освојувач на златен медал на Олимписките игри во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година.
Денес има 39 години, живее во САД со своето семејство и сè уште е активена спортистка. Таа најави дека ќе трча додека не наполни 40 години и успешно ја балансира кариерата како спортист и мајка на осумгодишниот Зион.
Имено, таа учествуваше на спортскиот ден во неговото училиште, и тоа на трка на 100 метри.
Како изгледаше тоа? Така, Shelly-Ann не си поигруваше со своето име и репутација, таа трчаше на трката како на натревар. Истрча најбрзо што можеше, а снимката што се појави е најдобар доказ за разликата помеѓу неа и обичниот човек во однос на брзината.
Најдобро е да погледнете сами.


