(ВИДЕО) ПРОБАЈТЕ, ЕФИКАСЕН Е: Трик со чаша – како да излупите јајце за помалку од 10 секунди

За да излупите варено јајце за помалку од 10 секунди, потребно е само малку вода и чаша.

Иако е едноставна работа во кујната, лупењето на тврдо варено јајце може да биде проблем. Особено ако ја одвојувате лушпата од јајцето додека е многу топла.

За да избегнете проблеми во варењето, односно лупењето – искористете го овој трик. За да излупите варено јајце за помалку од 10 секунди, потребно е само малку вода и чаша.

Наполнете ја чашата до половина со вода и во неа ставете го вареното јајце.

Преклопете ја со рака отворената површина и протресете го јајцето во чашата неколку пати над мијалникот.

Одделете ја лушпата од јајцето со еден потег.

Погледнете во видеото како брзо да ги лупите варените јајца без да ги изгорите прстите. Со среќа!

Најчитани вести