(ФОТО)„Латино Барби“: Џенифер Лопез го украде вниманието во розов латекс-комбинезон на Формула 1 Гран При

Џенифер Лопез повторно покажа зошто е една од највлијателните жени во светот на музиката и модата. Поп-дивата присуствуваше на трката од Формула 1 Гран При во Саудиска Арабија, каде што буквално го украде целото внимание – не со болид, туку со изглед достоен за модна писта.

Лопез се појави облечена во тесен, розов латекс-комбинезон што совршено ја истакнуваше нејзината фигура.

„Донесов малку сјај во Ф1“, напиша таа на Инстаграм, а објавата доби илјадници лајкови за само неколку часа.

„Латино Барби“, „Како ти да ја измисли розовата боја“, „Ф1 Барби“,„Еве ја мојата Барби кралица“, „Никој не ти е ни до колена“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести