Ана и Бастијан го лажирале разводот? Се појавија шокантни фотографии од познатиот пар среде семејната драма

Минуваат денови, а гласините за разводот на поранешната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се уште не престануваат да ги полнат насловните страници. Сепак, најновите фотографии кои се појавија на социјалните мрежи дополнително ги разбрануваа теоретичарите на заговор.

Имено, и покрај гласините за раскинувањето, на интернет кружат фотографии на кои Ана и Бастијан изгледаат заљубени и среќни, како да нема никакви проблеми меѓу нив, а кои беа објавени пред четири дена како дел од рекламна кампања.

Секако, постои можност тие слики да се направени во некој посреќен период од нивната врска и само да се искористени во момент на големо внимание кај јавноста. Сепак, многу фанови на парот коментираат дека веруваат дека можеби се е осмислена игра, за да привлечат дополнително внимание на себе токму во моментот на објавување на тие фотографии.

Разделени за време на празниците

Сепак, факт е дека славниот пар не беше заедно за време на празниците.

Швајнштајгер е далеку од Европа – моментално престојува во Сингапур, што и самиот го потврди со фотографија од врвот на еден од високите солитери кои доминираат во панорамата на тој град-држава.

Од друга страна, Ана Ивановиќ празниците ги помина во Франција каде во моментов се подготвува за враќање на терените. Во Лозана ќе настапи заедно со познатата Мартина Хингис.

Веста за потенцијалниот крај на бракот меѓу Ивановиќ и Швајнштајгер ја шокираше јавноста, особено затоа што со години важеа за една од најхармоничните спортски парови. Нивната венчавка се одржа во 2016 година, а заедно имаат три деца. Гласините за развод почнаа да кружат неодамна, а дополнително се засилија кога Ана беше видена без венчалниот прстен, што за многумина беше знак дека разделбата веќе е на големо, пишува Мондо.

Најчитани вести