Саша Поповиќ почина на 1 март, а денеска ќе го прославеше својот 71 роденден, поради што неговата сопруга отиде на гробишта.
Сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ го соблече црниот фустан и го покри лицето со очила за сонце. Таа дојде на гробиштата со црвени гербери, кали како и огромнаи розови рози, кои ги стави на споменикот.

Сузана на гробишта донесе торта и сокови.
Набрзо почна да врне, па Сузана не се задржа долго на гробишта.

Инаку, денеска на споменикот на Саша Поповиќ беа поставени буквите. Пред десет дена семејството одржа 40-дневен помен на таткото и сопругот, но јавноста беше изненадена од веста дека буквите на неговиот споменик се отстранети и дека останала само неговата слика.

Водителката Весна Милановиќ, ПР на Гранд и долгогодишна блиска пријателка на Поповиќ, откри што се крие зад сето ова.
– Се е во ред, само што, според желбите на семејството, се ставаат нови букви – рече тогаш таа, а таа желба денеска е исполнета.


