Овен
Вашата моментална ситуација е многу подобра од порано, благодарение на вашата акција. Не дозволувајте другите да одлучуваат за вашите планови. Љубовната ситуација ви е постабилна поради вашата искреност.
Бик
Во следните неколку дена зависи од вас како ќе се одвиваат работите со вашиот партнер и вашата врска. Личноста под знакот Лав ви создава големи тензии на работа. Здравјето деновиве е стабилно.
Близнаци
Вашата енергија е многу јасна и прецизна, особено што Меркур е во знакот на Овен. Нема да дозволите другите да ја искористат вашата љубезност и вашите деловни информации бидејќи тоа е нешто што може да ја загрози вашата деловна позиција
Рак
Вашата моментална деловна ситуација не е најдобра и земете го тоа предвид. Внимавајте од ненадејни деловни пресврти кои можат да бидат поврзани со луѓе од вашето деловно минато. Можна настинка.
Лав
До крајот на денот опкружете се со пријатели бидејќи навистина ви треба туѓо мислење, но и пријателска поддршка во однос на новите деловни чекори. Обидете се да се ставите себеси на прво место, особено кога се во прашање семејните односи.
Девица
Моменталната ситуација во која сте се нашле поради партнерот не ве радува бидејќи некои работи не можете да ги разберете на вистински начин. Обидете се да бидете доследни на себе и на вашите барања за просторот во кој живеете и начинот на кој тој функционира.

Вага
Вашата деловна ситуација ќе биде многу подобра во моментот кога ќе научите да ги почитувате луѓето околу вас многу повеќе од вообичаено. Љубовната ситуација е постабилна благодарение на вашите отворени разговори.
Шкорпија
Денес сте во многу добро расположение благодарение на другите луѓе, особено кога станува збор за семејството и нивните активности. Не дозволувајте другите да ја искористат вашата добрина и вашата чесност, особено кога се во прашање парите и работата.
Стрелец
Вашата деловна ситуација ќе биде подобра во моментот кога ќе имате луѓе кои многу подобро размислуваат за вас како соработници. Човек во знакот Овен ве поддржува во секој поглед, и како пријател и како деловен соработник.
Јарец
Семејните односи ќе ви бидат подобри во моментот кога ќе научите да бидете поискрени и поотворени. Личноста под знакот Овен е голема деловна пречка за вас и научете подобро да комуницирате со таа личност.
Водолија
Вашата деловна страна е многу повеќе активирана до крајот на денот бидејќи луѓето околу вас ја гледаат вашата позитивна страна. Пазете се од ненадејни пресврти кога се во прашање односите со партнерот бидејќи вашиот партнер веќе некое време ја чувствува вашата љубомора.


