Претседавачот со ОБСЕ и шефицата на финската дипломатија денеска и утре ќе ги посетат Белград и Приштина

Претседавачот со ОБСЕ, министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, денеска и утре се во посета на Белград и Приштина, каде што ќе се сретне со официјални лица и ќе разговара за безбедноста во регионот, соопштија мисиите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Србија и Косово.

Во Белград, Елина Валтонен ќе има средби со премиерот на Србија Ѓуро Мацут, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и претседателката на Парламентот Ана Брнабиќ.

Министерката Валтонен ќе ја посети и Мисијата на ОБСЕ во Србија и ќе одржи состанок со претставници на граѓанското општество. Тие, според најавата, ќе ги посетат и корисниците на Центарот за интеграција на младите.

Утре во Приштина, таа ќе се сретне со претседателот на Косово Вјоса Османи-Садриу, премиерот во технички мандат Алкин Курти и вицепремиерката и министерка за надворешни работи во технички мандат Доника Гервала Шварц.

МИА

Најчитани вести