Печен омлет со тиквички, пиперки и домати

Вкусен и брз оброк за подготовка, може да биде појадок или главно јадење.

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 2 пиперки
  • 3 домати (може и шери домати)
  • 4 јајца
  • 4 дл павлака за готвење
  • сол, масло, бибер
  • масло за пржење
  • 100 грама рендано сирење
  • сецкан магдонос

Подготовка:

Добро измијте го целиот зеленчук и исечете го на тенки парчиња, прстени или по должина. Пржете кратко во масло од двете страни. Ставете го зеленчукот во огноотпорен сад. Изматете ги јајцата со павлаката и додадете ги зачините. Прелијте го зеленчукот и наросете со сирење и сецкан магдонос. Ставете го во претходно загреана рерна околу 10 минути да се пече.

МИА

Најчитани вести