Поранешната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, пред неколку години го напуштиле Чикаго и се преселиле во луксузна вила во австриското село Вестендорф.
Тие постојано потенцираа колку уживаат во мирниот живот далеку од градската гужва, а Вестендорф, кој има само околу 3.500 жители, им го нуди токму тоа – тишина и приватност.
Нивната семејна вила се простира на повеќе од 400 метри квадратни, а нејзината вредност наводно е околу 3,5 милиони евра. Имотот е опкружен со простран двор полн со зеленило, а во склоп на имотот има и приватно игралиште за тенис и фудбал.
Preparing some family snacks and dishes for the new week. #healthiswealth pic.twitter.com/DNWWOmd0pS
— Ana Ivanovic (@anaivanovic) July 26, 2020
Внатрешноста на домот е дизајнирана според вкусот на Ана. Мебелот и декорацијата се претежно во нежни нијанси – доминираат белата, беж и сивата боја. Ана одвреме-навреме на социјалните мрежи споделува фотографии од кујната каде сака да готви и да пробува нови рецепти за своите најблиски.
Европа зборува за разводот на Ана и Бастијан
Иако парот сè уште јавно не проговорил за наводниот развод, германските медиуми со денови пишуваат за можниот крај на нивната љубов. Локалните медиуми ја посетија областа во Белград каде што Ана и Бастијан обично престојуваат кога се во главниот град на Србија.

Соседите кои имале можност да ги запознаат зборуваат само позитивно за славниот пар.
„Можам да ги кажам најубавите работи за Ана, нашата државјанка. Слушнав дека има стан некаде овде, но, за жал, никогаш не сум ја запознала, но би сакала. Таа е прекрасна мајка, одлична жена, секогаш мирна и урамнотежена во се“, вели една госпоѓа за Блиц.


