Скоро повеќе од една недела јавноста е заинтригирана што всушност се случува со спортската двојка Ивановиќ-Швајнштајгер, откако постојано пристигнуваат потврди и детали за нивниот наводен развод.
Иако Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалски ас Бастијан Швајнштајгер зад себе имаат девет години брачен живот и три сина, а во нивната врска се изгледаше идилично, ако сакаме да веруваме во она што го пишува германецот, но и медиумите, се зголемуваат шансите на љубовта да и дојде крајот.
Како што пишува Курир, Бастијан Швајнштајгер наводно е виновен за нивното раскинување и побарал развод од Ана Ивановиќ. Веста дека брачната двојка се разделува по речиси една деценија заеднички живот ги полни страниците и на домашните и на странските портали, а секојдневно се појавуваат нови информации.

Неименуван извор близок до семејството открива што всушност се случува:
-Точно е тоа што се зборува, дека Ана на секој начин се трудела да го спаси бракот. Токму Бастијан ѝ предложил дека е најдобро тие двајца да се разделат мирно и пријателски. На тенисерката и било тешко, но прифатила и се помирила со фактот дека љубовта е згасната. Бастијан предложил целата постапка да се уреди со нивните адвокати и постапката е во тек – тврди близок пријател на семејството Ивановиќ од Белград.
Споменатиот портал имал пристап и до пораки во кои еден од членовите на семејството потврдува дека Бастијан побарал развод.

Во приказната за развод е вклучена и Естер Седлачек, фудбалска водителка и најблиска соработничка на Швајнштајнгер, која била пријателка со Швајнштајгер и чија врска многумина ја опишуваат како премногу блиска за пријатели. Медиумите и социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за тоа дека таа е всушност причината за разводот на Ана и Бастијан, а водителката на Инстаграм е нападната од нкорисниците кои оставаат негативни коментари на нејзините фотографии.


