Во пресрет на „Австралија опен“, потврдени се два позитивни случаи со коронавирус меѓу тенисерите, пренесе АФП. Организаторите не ги објавија нивните имиња, а вкупниот број на заразени од новииот бран од 1.000 луѓе кои дошле со авион на „Австралија опен“ е девет.
Меѓу нив има тенисери, тренери и други лица, а организаторите соопштија дека последните случаи се изолирани и дека едно лице е жена на дваесеттина години, а другото е маж на триесет години.
Три случаи на вирусoт се регистрирани од трите лета, а третото лице не е тенисер.
За потсетување претходно 47 играчи кои пристигнаа за турнирот се во карантин две недели.
Грен слемот во Мелбурн ќе се одржи од 8 до 21 февруари.
]]>


