Брус Спринстин треба да се појави пред суд затоа што возел под дејство на алкохол, адвокат вели дека бил пијан во рамки на дозволеното

Пејачот Брус Спринстин во среда треба да се појави пред суд заради прекршок возење под дејство на алкохол.

Тој бил уапесен на 14 ноември 2020 година, откако на редарот од националниот парк од каде заминувал со мотор му признал дека има испиено две текили. Сепак редарот пронашол шише од 750мл што било празно. РЕдарот го прашал дали има намера да вози, на што Спинстин одговорил потврдно. Според изјавата на редарот, Спринстин мирисал на алкохол.

Локалните медиуми објавија дека по направените анализи Спринстин кога бил уапсен во крвта имало 0,02 проценти алкохол, а дозволената граница е 0.08.

Ерик Харисон, музичар, адвокат и фан на Спринстин вели дека тоа што пејачот бил уапсен за ова е голем срам, бидејќи било во рамки на дозволеното.

Тој за ова објави и видео на Јутјуб со наслов „Jersey-Sized Disgrace“ (Срам со големина како Џерси).

https://www.youtube.com/watch?v=VtbXAsEVCZY&feature=emb_title

]]>

Најчитани вести