Цеца во стајлинг од  40.000 евра! Сите присутни го забележаа овој скап детал

Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“ во автомобил од 140.000 евра.

Меѓутоа, луксузниот автомобил не беше единственото нешто што привлече внимание во тој момент, пишува Ало.рс.

Ражнатовиќ со својот стајлинг ги воодушеви сите присутни, а она што дополнително ја фасцинираше јавноста е сумата што ја потрошила на аутфитот.

Цеца за оваа пригода избра елегантен аутфит кој одлично го истакна нејзиниот стил и луксуз. Таа носеше кафеаво кожено мини здолниште со патент напред, а со него облече сако во истиот дезен. Под сакото носеше црна ролка, додека кратките кафеавии чизми беа совршен додаток на овој стајлинг.

Здолништето кое го носеше пејачката чини дури 3.200 евра, јакната 5.100 евра, очилата 260 евра, чизмите 945 евра, додека чантата што ја носеше вреди неверојатни 30.000 евра.

Најчитани вести