Детски радости: Мајката не можела да поверува кого синчето го донело дома

Стефани Браун, мајка на малиот Доминик, не можела да им поверува на сопствените очи кога нејзиното мало донело дома друго мало во нивниот дом во Вирџинија. Таа набрзина го грабнала телефонот и направила фотографијата што ја објави на Фејсбук, и веднаш стана вирална. Досега има повеќе од 32 000 лајкови и е споделена скоро 44 000 пати.

Луѓето најмногу се воодушевени од смиреноста со која малиот елен стои покрај Доминик, како да се познаваат со години, пишува „Дејли меил“.

Фотографијата е уште послатка затоа што малото дете носи пижами, а еленот, со име Флеш, што се разбира му го даl Доминик, гледа директно во мајката и нема намера да побегне.

Фото: Фејсбук
]]>

Најчитани вести