Џонсон не го гледал интервјуто на Хари и Меган, се огласи неговиот портпарол

Британскиот премиер Борис Џонсон не го гледаше телевизиското интервју со принцот Хари и Меган, кое се емитуваше во текот на ноќта, но верува дека секое прашање од интервјуто е исклучиво работа на Бакингамската палата, изјави денеска портпаролот на Џонсон.

– Очигледно тоа е работа на Палатата, рече портпаролот на прашањето за коментарите на Меган дека некој од британското кралско семејство изразил загриженост за тоа колку може да биде темна кожата на нивниот син.

– Премиерот претходно рече дека нема место за расизам во оваа земја, тој тоа го рече во неколку наврати, потсети портпаролот на Џонсон. 

]]>

Најчитани вести