Низ вековите, генерации ги усовршувале тајните на еликсирот на животот, а некои рецепти преживеале до ден-денес. Еден таков рецепт доаѓа од античка Индија и е едноставен, но исклучително моќен напиток од лук и млеко.
Оваа комбинација на природни состојки со векови е ценета поради нејзините корисни здравствени својства, а нејзината ефикасност е причината поради која многумина и денес посегнуваат по неа.
4 чешниња лук (иситнети)
1 шолја мелко
Мед по вкус
Подготовка:
Истурете го млекото во мало тенџере и оставете го да се загрее. Кога ќе почне да врие, додадете го иситнетиот лук. Тргнете го од оган, поклопете и оставете да отстои десетина минути.
После тоа, еликсирот е подготвен за консумирање.

Како се користи:
Доволно е да пиете една шолја од овој напиток еднаш неделно. Можете да додадете малку мед за да го направите вкусот попријатен.
Оваа природна мешавина особено се препорачува за луѓе кои страдаат од:
астма
проблеми со срцето и крвниот притисок
нарушувања на спиењето
замастен црн дроб
артритис
слаба циркулација и покачен холестерол
отежнато варење
импотенција
Познат е и како природен сојузник во борбата против болки во грбот и ишијас, бидејќи помага во ублажување на притисокот врз нервите на кичмата.
Сепак, треба да се има на ум дека лукот делува на разредување на крвта, па затоа не се препорачува користење на овој напиток повеќе од еднаш дневно, но дури и една доза неделно може да даде добри резултати.
Дефинитивно треба да се консултирате со вашиот лекар пред да вклучите дури и природни алтернативи во својата рутина, пишува Информер.


