Јавноста се распрашуваше за многу прашања во последните две недели, додека со нетрпение го чекаат големото интервју на семејството од Сасекс со Опра Винфри, закажано за 7 март.
Имено, според објавата на списанието „New Idea“, за десет дена, овој поранеше кралски пар ќе објави дека чекаат не едно – туку две бебиња.
Според изворите на медиумот, поранешната актерка наводно отсекогаш сакала да има две девојчиња, а Хари сакал оваа желба да ѝ се исполни.
Во средината на минатата година, двојката беше снимена како ја напушта зградата на поликлиника за репродукција, а како што е познато, процентот за повеќекратна бременост е поголем со медицинско помагање при оплодувањето. Добро познатиот таблоид тврди и дека Хари и Меган веќе го знаат и полот на бебињата, а тоа се две девојчиња кои за неколку месеци ќе му се придружат на братчето Арчи.
]]>


