Елејн Дејвидсон е жената со најголем број пирсови, а во јануари 2019 година имала дури 11.003.
Скоро секој дел од телото на Елејн Дејвидсон има пирсинг, поради што влезе во Гинисовата книга на рекорди за жена со најмногу пирсови, пишува superzena.b92.

Елејн е поранешна медицинска сестра а популарноста ја стекнала во 2000 година. Тогаш претставник на Гинисовата книга на рекорди утврдил дека има 462 пирсинзи на телото, вклучувајќи 192 на лицето.
Во 2009 година таа изјавила дека не сака да го прави тоа, но дека поради титулата и популарноста мора да продолжи со овој процес.

Покрај тоа, таа ужива во екстремни подвизи, па може да спие на клинци, да оди по оган или парчиња стакло. Има црн појас во џудо, ужива во екстремни спортови, нуркање и јавање.


