Профилот на Јелена Карлеуша денеска е избришан од Инстаграм. Сепак, не се знае дали нејзиниот профил е избришан или го избришала поради многуте напади и препукувања кои ги имаше во последно време.
Краен рок за враќање на вашиот профил!
Според правилата на Мета и Инстаграм, профилот може привремено да се деактивира до 30 дена. Доколку не биде вратен во тој рок, профилот, заедно со сите следбеници, фотографии и други содржини, трајно ќе бидат избришани.
Јелена Карлеуша се уште не се огласила на оваа тема. Инаку, на Инстаграм ја следеа повеќе од 2,4 милиони луѓе и беше една од најследените Инстаграм профили од Балканот.


