ФОТО | „Дoбро го преживеав денот кога се роди“: Верица Шерифовиќ со емотивна објава за роденденот на внукот од ќерка ѝ Марија

Синот на Марија Шерифовиќ, малиот Марио денеска го слави својот 1. роденден, а баба му, пејачката Верица Шерифовиќ на социјалните мрежи сподели емотивна порака со фотографија од нејзиниот внук.

Марија исто така, на Инстаграм сподели емотивните зборови кои му ги упати на синот по повод роденденот.

„Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и се упативме кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a Wonderful World““, напишала Марија.

Да потсетиме, Марија на почетокот на декември минатата година стана мајка на синот Марио кој го роди сурогат мајка. Пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, па затоа на крајот се одлучила за сурогат мајка. Шерифовиќ поради договорот за приватност не сака да открие кој е таткото, но рече дека нејзиниот син ќе знае за тоа кога ќе дојде време.

Најчитани вести