Фотошопирана фотографија за вакцината на „Астра Зенека“ – аргумент за ширење паника и страв

Фотографија од пакувањето на вакцината „АстраЗенека“ наменета против КОВИД-19 со датум „05.07.2018“ кружи на Интернет, особено на социјалните мрежи. Фотографијата се користи како „доказ“ дека пандемијата била планирана уште пред да почне и да се зарази голем дел од светската популација.

Оваа фотографија стана актуелна деновиве и кај нас, но вистината е дека таа за првпат е објавена на крајот на 2020 година, за повторно да се појави во јули 2021 година и уште еднаш во август. Сепак, станува збор за фотошопирана фотографија бидејќи нема таков датум на оригиналните фотографии од пакувањето на вакцината.

Од „АстраЗенека“ за „Ројтерс“ изјавиле дека тие немале амбалажа за вакцината во 2018 година.

„Ројтерс“ контактирал и експерт за манипулација со слики, кој им дал свое мислење за автентичноста на фотографијата.

https://twitter.com/CitizenIre/status/1327995861561970688

„Датумот на фотографијата на амбалажата на кутијата „Астра Зенека“ се разликува по бојата од другите фонтови – бојата на фонтот овде е посилна и нема отсјај на светлина“, вели др. Торстен Бек, истражувач од „Humboldt -Elsevier Advanced Data i Text Center“ во Берлин. „Затоа овој дел од кутијата и изгледа прилично неприродно“, додал тој.

„Редот на броеви исто така е печатен под помал агол во споредба со преклопувањето на пакувањето, што исто така е знак за двоумење. Овие две карактеристики може да се протолкуваат како првични сомневања за фотошоп на сликата. Фонтот со кој се напишани бројките, исто така, сугерира дека датумот бил монтиран ( направена споредба на „1“ во 2018 година и „1“ во „10 шишиња на повеќе дози“). Сепак, слабиот квалитет на сликата ја отежнува анализата “, вели Бек.

Производителот на вакцината откри дека на пакувањето има информација за датумот на истекување на вакцината (означен како „EXP“), но не и датумот на производство. Затоа, информациите со датумот на пакувањето, што може да се видат на сликата, може да се сметаат за лажни.

]]>

Најчитани вести