Со доаѓањето на април и високите температури земјоделците од Кривопаланечкиот регион излегоа на нивите за да го посеат компирот. Уште во февруари земјоделските аптеки набавија за земјоделците со семенскиот компир од кој најбаран за ова подрачје е сортата Агриа но и покрај тоа дел од нив се пожалија дека годинава имало недостиг од семе.

– Оваа година се соочивме со недостиг на семе, од сортата Агриа, тој некако ни е карактеристичен за овој крај и по кој сме познати. Сега имаме добри услови, доста влага од снегот и обилните дождови кои паднаа овде во изминатиот период.

Кај нас компирот најдоцна се сади до почетокот на месец мај па се очекува во наредните денови да се интензивираат работите на поле и истиот целосно да биде посаден на нивите, велат земјоделците од овој крај.

Поради лошата производствена година, кога приносите беа двојно помали од претходно, цената на компирот лани достигна рекордно високо ниво.

Времето, како што велат тие, оваа пролет им подари идеални услови, така што на земјоделците им останува сами да се потрудат сето тоа добро и да го искористат.

Компирот е една од најпопуларната храна во светот, бидејќи сите ние го сакаме овој зеленчук приготвен на најразлични начини.


