Истекува рокот за упис на вистински сопственици во Регистарот

Започнувајќи од 27.1.2021 година, започна да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици. Уписот во законскиот рок е без надомест и трае до утре 27.04.2021 година.
Детални информации околу уписот, обврзани и изземени субјекти, рокови, начин на користење на системот, предуслови, процедура и слично можете да прочитате на веб локацијата на услугата Внес на податоци за вистински сопственици на субјектите, каде се објавени често поставувани прашања и детални кориснички текстуални и видео упатства за секој чекор во постапката.

Центарот за помош и поддршка на корисници на Централниот регистар Ви стои на располагање за техничка помош на телефонот +389 2 3288 602 или на контакт адресата rvs@crm.org.mk  . 
Целото соопштение отворете го овде.

]]>

Најчитани вести