Јелена Розга ја потврди врската со Иван Хуљиќ: Првото заедничко појавување на парот – „Ништо не криеме“

За тоа дека пејачката Јелена Розга (47) е во врска со Иван Хуљиќ (37), синот на Тончи Хуљиќ, се зборува веќе неколку месеци. Сепак, пејачката до сега не споделила ништо за тоа со јавноста.

На свеченоста на розите во Вечерњак, пејачката се појави со своето момче, што беше нивно прво појавување во јавноста.

– Ништо не криеме – кратко рекла пејачката со насмевка на лицето, пренесува Нет.хр.

Розга блесна во светкав фустан, а кажа и што и е најважно кога е модата во прашање:

– Ја сакам модата, навистина. Но, најважна работа за мене е удобноста. Нема да излезам на сцената ако нешто ми е тесно или не можам да ја подигнам раката, тоа навистина ме нервира. Не сакам да бидам во соблекувалната, сакам да бидам на сцената и да уживам во гласот, песните и публиката. Удобноста е клучна за мене – изјавила таа.

Најчитани вести