„Сега кога сите се шокирани од силувањето на младите актерки, го поставувам прашањето КОГО ГО ФОЛИРАТЕ?! Јавна тајна е дека младите актерки се злоупотребуваат и уценуваат за улоги – со децении. Прашајте која било актерка колку пати доживеала непријатни ситуации „крмнаци“ и дедовци кои одлучуваат дали ќе им дадат улоги да им бараат нешто за возврат?! Истото важи и за младите пејачки, но и за жените во сите други професии по ред!!! Секоја жена доживеала непријатност од маж. Јас милион пати. Милион пати. Жените се граѓани од втор ред на оваа планета, каде што се почитуваат само машките правила. Кога сте слушнале дека некоја директорка или режисерка силувала млад маж?! Во нашата земја, јавна тајна е дека жените се злоставувани и мора да молчат! Тие молчат затоа што се плашат, затоа што немаат пари, затоа што немаат „грб“, затоа што немаат поддршка да го кренат својот глас, затоа што се срамат, затоа што се научени да страдаат и да молчат, затоа што сакаат да успеат, а за некои, за жал „креветот“ е единствениот пат!
Но, тоа е пат низ пеколот и жените мораат да го затворат.
А јавноста, медиумите, лицемерите, се е познато. Мојата поддршка за младите жени од оваа моментално актуелна приказна, но и за сите оние кои сега минуваат низ сличен пекол далеку од јавноста.
Сестри, главата горе, стиснете заби и тупаници!“, напиша Јелена на својот профил на Инстаграм.
]]>


