Kинезите претставија воз што може да достигне брзина од 620 км на час

Кинеските инженери претставија прототип на супер брз магнетски воз кој користи експериментална технологија на високо-температурни суперпроводници (ВТС). Дизајнерите на возот тврдат дека тој може да достигне брзина од 620 километри на час, пренесува Јутарњи.хр.

Возот бил тестиран минатата недела, на полигон со должина од 165 метри.

Како и другите возови што лебдат над пругата со помош на магнетно поле и овој прототип левитира над пругата и има што е можно помалку триење. Денг Зиганг, заменик директор на истражувачкиот центар за супербрзи возови истакна дека оваа технологија овозможува возот да се движи без постојан напон.

„Може да се помести со едната рака“, рече Денг, а кинеските медиуми објавија дека еден од новинарите на презентацијата успеал да ја мрдне локомотивата тешка 12 тони со еден прст.

https://www.youtube.com/watch?v=OLvOlOqs7Sw

Возот заеднички го направиле универзитетски експерти во соработка со кинеските железнички гиганти, „China Railway Group Limited“ и „CRRC Corporation Limited“.

Кина го презеде водството во светот во изградбата на брзи пруги во последните неколку години. До крајот на минатата година во Кина имало повеќе од 37.900 километри пруги наменети за супербрзи возови, пренесува Јутарњи.хр.

https://www.youtube.com/watch?v=ihSPEWyTRwk

Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од овој вид во светот, и е од исклучиво домашно производство, а правењето на прототипот долг 21 метар чинело речиси 7,5 милиони евра.

Програмерите сметаат дека возот може да се стави во употреба во рок од три или четири години.

]]>

Најчитани вести