Ковачевски најави зголемување на субвенциите за TУТУН: Годинешниот род е два пати помал од лани но за субвенции повторно ќе одвоиме 26 милиони евра

Иако годинешната реколта “тежи“ речиси двапати помалку од ланската, за исплата на субвенциите за тутун ќе бидат наменети 26 милиони евра, исто колку и лани! – изјави премиерот Димитар Ковачевски на трибината #ПовеќеЗаСите во Прилеп.

Тој потсети дека само со последниот 9ти пакет антикризни мерки 662 милиони евра се пренасочуваат кон граѓаните, финансиски се поддржуваат младите, пензионерите, ранливите, компаниите.

-За младите, обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Конкретно, во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари. Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, по ученик. Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште. Дури 105.000 ученици опфаќаме со оваа мерка – изјави Ковачевски.

извор: agrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести