Кучињата Чемп и Мејџор се вселија во Белата куќа

Кучињата Чемп и Мејџор, домашните миленици на новиот претседателски пар на САД, Џо и Џил Бајден се вселија во Белата куќа и со тоа ја оживеаја долгата традиција на претседателски миленици, што ја прекина Доналд Трамп.

„Чамп ужива во својот нов кревет за кучиња покрај каминот, а Мејџор обожава да трча на јужниот тревник“, изјави Мајкл ЛаРоса, портпарол на првата дама Џил.

Чамп и Мејџор се германски овчари. Првиот има 12 години, а вториот две. Семејството Бајден го зеле Мејџор од прифатилиште за миленици и тој е првото вдомено куче во Белата куќа.

Тие ги следат стапките на Бо, португалскиот пес на Барак Обама и Барни, шкотскиот териер на Џорџ Буш помладиот.

Трамп ја прекрши оваа претседателска традиција, како и многу други, а за време на неговиот мандат немаше миленичиња во Белата куќа.

„Како би изгледал ако шетам куче по тревникот во Белата куќа“, изјави еднаш Трамп со гримаса на лицето.

]]>

Најчитани вести