Пред неколку месеци, Лари доживеал голема семејна трагедија кога неговите син и ќерка починале со разлика од три недели.
Имено, синот на Лари, Енди ненадејно починал од срцев удар на 28 јули 2020 година, на 65-годишна возраст. Таткото не успеал ни да се опорави од овој трагичен крај на неговиот син, кога неговата ќерка Чаиа починала три недели подоцна од смртта на синот, губејќи ја битката со ракот на белите дробови.

За семејната трагедија Лари неодамна на својот профил на Фејсбук напиша:
„Со тага и скршено срце на татко, ја потврдувам неодамнешната загуба на моите деца, Енди Кинг и Чаиа Кинг. И двајцата беа добри и мили душички кои ќе ми недостасуваат бесконечно. Толку погрешно е да ги надживеете своите деца. Ниту еден родител не смее да го погреба своето дете. Јас и моето семејство сме благодарни за вашите добри желби и зборови, утехата и поддршката. Во овој момент, ни треба малку време и приватност за да се опоравиме. Ви благодарам што ќе го почитувате тоа“.
Поранешното лице на Си Ен Ен, Лари Кинг, почина во медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес.
Телевизискиот водител беше светски познат по својата емисија „Лари Кинг во живо“.
Познатиот ТВ и радио водител беше една од најпознатите американски медиумски личности, која интервјуираше политичари, познати лица и други јавни личности. За време на својата кариера, тој има направено над 30.000 интервјуа.
]]>


