Таткото на бебето на Марија Шерифовиќ нема да се крие
Во декември 2023 година сите беа изненадени од веста дека Марија Шерифовиќ стана мајка и дека нејзиниот син Марио се роди на почетокот на декември со помош на сурогат мајка. Штом се појави веста дека пејачката има наследник, сите се запрашаа кој е таткото на бебето на Марија Шерифовиќ и дали нејзиниот син ќе има можност да го запознае.
Таткото на бебето Марија Шерифовиќ ќе биде во животот на синот Марио
– Пред две години поминав низ процес на вадење на моите јајце клетки и потоа создавање на ембрион. После сите тие генетски тестови, дознавме дека имам три здрави ембриони. Така се роди Марио – открила Марија за Блиц.
аткото на бебето на Марија Шерифовиќ засега не и е познат на јавноста, но пејачката откри дека нејзиниот син ќе биде запознаен со се што е поврзано со неговото раѓање.
Поради договор за приватност, не можам да споделувам информации, но она што можам да го кажам е дека кога ќе дојде време, мојот син ќе знае се за тоа.
Синот на Марија е роден во Америка, со помош на сурогат мајка, оваа процедура е многу скапа. Бројни светски ѕвезди како Ким Кардашијан, Наоми Кембел, Пријанка Чопра, Парис Хилтон, Роналдо… имаат деца преку сурогат мајчинство.


