Maск се пофали дека всадиле имплант во мозок на мајмун и дека тој сега игра видеоигри со мислите

Можеби последниот потег на „Невралинк“ звучи чудно или како сцена од некој научно фантастичен филм, но тоа е само чекор напред кон вметнување безжични импланти во човечкиот мозок.

Имено, Елон Маск, како гостин во „Good Time Show“ на апликацијата „Клабхаус“, се пофали дека всадиле, или подобро речено, вградиле имлант во мозок на мајмун.

„Имаме мајмун со безжичен имплант и тој може да игра видео игри со моќта на мислата“, рече Маск и додаде дека станува збор за едноставната видео игра „Понг“.

Тој рече дека мајмунот всушност не е ни свесен за имплантантот бидејќи е безжичен и не можете да се види. Токму овој факт, дека успешно направиле и всадиле безжичен имплант во мозокот на мајмун може да биде чекор напред кон создавање такви уреди и за луѓето.

Иако Маск не зборуваше директно за тоа кога би можеле да го имаме првиот човек со имплант, но сепак откри дека веќе се работи на таков уред и дека веќе постои примитивна верзија.

Имајќи го предвид сето ова, изгледа „Неуралинк“ за многу кратко време ќе објави дека всадиле имплант и во човечки мозок. Сепак останува прашањето како здравствените регулатори ќе реагираат на ова, бидејќи кога станува збор за нови медицински помагала, каков што е и овој имплант, правилата се многу строги.

https://www.youtube.com/watch?v=Cba53J1jyPM&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести