Балашевиќ, познат по своето исклучителен талент за раскажување приказни преку своите песни, почина на 67-годишна возраст.
Како што открива извор од болницата за „Еспресо.рс“, последните часови од животот на Балашевиќ биле многу тешки и исполнети со борба за секој здив.
„Во петокот наутро состојбата одеднаш многу му се влоши. Сатурацијата паѓаше од час во час и покрај сите напори на лекарите. Тој не дишеше многу тешко и речиси и не можеше да зборува. Пред да го префрлиме на интензивна нега, се обиде да разговара со неговата сопруга Оливера, постојано го кажуваше нејзиното име, нè молеше да ја повикаме. Нејзиното име беше последното нешто што го изговори – вели изворот.
Песната „Оливера“ е само еден од хитовите на Балашевиќ за кои инспирација му била неговата сакана.
67-годишниот српски музичар и 61-годишната актерка и гимнастичарка стапиле во брак во 1981 година. Тие имаат три деца.
Во своите интервјуа Балашевиќ за неа ќе рече дека откако ја запознал животот му добил смисла.
]]>


