Жена за која се тврди дека е најстарата личност на светот почина на 122-годишна возраст, пренесува британски „Мирор“.
Лин Шему од провинцијата Фуџијан во Кина починала на 1 јануари во сон, а официјалните документи бележат дека е родена на 18 јуни 1902 година, што значи дека живеела 122 години и 197 дена.
Лин го живеела целиот свој живот во кинеската провинција Фуџијан, сместена помеѓу Шангај и Хонг Конг во Кина. Со својот покоен сопруг имала три сина и четири ќерки. Нејзиниот најмлад син денес има 77 години.
Освен што го изгубила видот поради старост и ги повредила двете нозе при пад, Лин не боледувала од други болести и можела цел живот да се грижи за себе.
На прашањето која е тајната на нејзината долговечност, Лин одговорила: „Можноста да јадам, пијам и спијам“.
извор: slobodenpecat.mk


