На оваа жена ѝ е посветена „Остани ѓубре до краја“

Некои од најубавите балади и песни легендарните музичари од поранешните ЈУ простори се секако оние што ги слушате кога сте носталгични или се сеќавате на деновите кога ги почнувавте врските со вашите сакани. Она што веројатно малку е познато е дека зад некои од нив се кријат вистински љубовни приказни што ги инсприрале авторите на песните и целата своја емоција ја престориле во музика.

Песната на групата „Рибја чорба“, „Остани ѓубре до краја“, е песна што Бора ѝ ја посвети на една од најпознатите југословенски модели, Билјана Невајда Шевиќ.

Во љубовта двајцата уживале околу шест месеци, а потоа еден ден Билјана го поканила фронтменот на „Рибjа чорба“ да се збогуваат, затоа што одлучила да го продолжи својот живот во Сараево.

Повреден и тажен, рокерот веднаш ја напишал шесната зад барот во кафулето каде што се поздравиле, а песната стана една од најпознатите на оваа група.

https://www.youtube.com/watch?v=C7n9bqlsb7E

Tаа го инспирирала и за друга песна, „Два динара друже“, затоа што, како што велат стиховите“ повторно жена го направила вол.

Вистинска приказна се крие и зад песната „Ту ноќ кад си се удавала“ на „Прљаво казалиште“. Како што велат стиховите на песната „постојат некои други светови“, така и постојат неколку верзии на приказната што се крие зад оваа песна. Сепак, во сите верзии главната улога ја играат членот на групата Јасенко Хоура и неговата поранешна девојка која му ветила дека ќе го чека да се врати од војска.

Откако се вратил од војска, дознал дека веќе е закажана и свадбата на неговата поранешна девојка со друг. За ова снимен е и филм во хрватска продукција. Истата приказна, но со малку потрагична завршница, се крие и зад песната „Ноќта кога ти се мажеше“.

https://www.youtube.com/watch?v=hTSg6S1h5V8

]]>

Најчитани вести