Неда Украден се вклучи во утринска програма и почна да плаче

Пејачката Неда Украден се вклучи во утринската програма на ТВ „Прва“, каде зборуваше за нејзиното вакцинирање против Ковид 19, односно негативните коментари што ги доби откако ja објави фотографијата направена за време на вакцинацијата, пишува Блиц.рс.

Неда се вакцинирала против коронавирусот пред неколку дена, а по вакцинирањето објави и фотографија на Инстаграм. Сепак, пејачката доби лавина од негативни коментари.

Неда посочи дека е навикната да биде мета, а имаше и остар одговор за сите што ја навредуваа. Сепак, во еден момент, таа не можеше да се додржи, па започна да плаче.

-Сите лудаци ми нацртаа мета на челото. Патриотизам не е да се изеде свиња, па да се кренат три прста. Патриотизам е кога ги цените вашите уметници, спортисти, актери, кога се сеќавате на историјата… Не е патриотизам кога креваме прсти и велиме „брат, госпоѓо“ – рече Неда.

Фото: Инстаграм

-Нема потреба од изживување, силата што ми ја дава Бог ми помага мене, на моето семејство и на мојата публика. Благодарна сум на моето семејство, имам прекрасна ќерка, зет и три внуци – рече Неда.

Таа потоа додаде дека смета дека на луѓето на социјалните мрежи „им боде во очи“ поради својот изглед.

„Мојата фотографија немаше толку да им „боде во очи“ ако бев баба со бела коса. Би сакала само да им порачам на сите жени, особено на оние на моја возраст, да се ценат себеси и да го ценат доброто кај луѓето“, рече пејачката која годинава го слави својот 71 роденден.

]]>

Најчитани вести