Николовски: Остануваме посветени за промоција и препознатливост на нашите македонски производи ширум светот

🍥Во тек е меѓународниот саем Зелена Недела кој по 88 пат се одржува во Берлин. Со над 1400 излагачи кои ги презентираат своите меѓународни и регионални производи и специјалитети претставува еден од водечките и најтрадиционални саеми за храна земјоделство и хортикултура.

🥘Саемот нуди кулинарски задоволства од овошје и зеленчук, риба и месо до најквалитетно вино и пиво.

💯Среќен сум што и годинава имаме можност да се претставиме со десетина компании на македонскиот штанд, со мали производители на традиционалните производи, како и убавото сортно македонско вино.

✅Како министерство остануваме посветени во целокупната поддршка за промоција и препознатливост на нашите македонски производи ширум светот, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на фесјбук.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести