Министерот за земјоделство Љупчо Николовски деновиве е во посета на земјоделските производители и агробизнисмени кои се корисници на разните мерки кои ги носи Владата за развој на агросекторот.
Денеска патот го однесе во Берово и тоа кај две вредни жени земјоделки, Силвана и Лидија.
„Не послужи времето за теренски посети кај убави, драги луѓе. Силвана е регистриран мал производител на храна, добитничка на грант до 10.000 евра со кои средства има набавено машина за преработка на сливата и вадење семка, и мала сушара која денес сефте, заедно ја отворивме. Силвана произведува разни вкусни производи од слива во кои и самите се уверивме“ – вели Николовски.

Продолжуваме да даваме силна поддршка на малите производители на храна. За една година успеавме да имаме скоро 2.000 нови регистрирани оператори во АХВ.
Ете тоа е резултатот од успешните мерки кои ги креираме, а луѓето ги препознаваат.

На гости сме кај Лидија, жена земјоделка која се занимава со сточарство, добитничка на трактор. Поразговаравме за новите мерки што ги креиравме за сточарството.
Од 4.000 на 12.000 денари ја зголемуваме поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци.
Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари.
Со новиот модел за субвенционирање ставивме ред, добивајќи ја реалната бројка на животни за кои се исплаќа финасиска поддршка.

Ја продолжуваме поддршката кон сточарите во набавка на високо педигриран добиток. Мерка важна за сточарите, со која го обновуваме сточниот фонд.
Драго ми е што наидуваме на поддршка за се она што го работиме во корист на земјоделците. Жените земјоделки ни се на врвот на нашите политики, тоа досега го докажавме и покажавме многу пати. Така и ќе продолжиме во иднина, да бидеме вистински партнери и да водиме грижа за секој еден земјоделец.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

извор: Agrotim.mk


