Видеото погледнете го на следниот линк.
„Живееме во чудни времиња. Она што вообичаено ни е далеку, сега се чини уште подалеку. А, она што ни е блиску, е се поблиски и поблиску до нас. Во хаосот на ова искривено огледало со пандемија и апсурд, кои сме ние ако не се стремиме кон вредностите? Најдлабоките, оние што одат од нашите корени и тивко со шепнување нè потсетуваат кои сме. Така што, ако не друго, должиме барем благодарност на Денот на мајчиниот јазик. Што нè предупредува да не забораваме? Корените. Мајките. Бабите. Ние самите…“, напиша Оливера под објавеното видео.
„Како и да е, не можам а да не се запрашам дали мајчиниот јазик е оној на кој нè учеа нашите мајки или е тој со кој ние ги учиме нашите деца?
„За жал, мојата мајка немаше мајчин јазик. Растејќи во некои други времиња, таа засекогаш остана без изворниот, оној на кој ги пишуваа нашите први приказни. Или можеби го имаше, ама ние не му го знаевме името. Во секој случај, за среќа, планетите имаат свој јазик. И се разбираат. Тие се тајно и непогрешливо поврзани, светови за себе. Различни, а исти. За мене беше чест и одговорност да ги кажам неколкуте зборови по повод 20-от Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Оние од најоддалечените места на душата, како пред вас да говори дете, сираче од војната, кое пораснало токму овде во Ковачица. Ми шепнаа од мојата планета, да ви кажам да не заборавaте, туку да се сеќавате“, напиша таа.
]]>


