Питонoт Јохан и женката Јаца се парат веќе шести ден по ред

Вистинска „атракција“ се случува во зоолошката градина во Загреб. Веќе шести ден по ред зелениот питон Јохан и неговата женка Јаца се парат во канцеларијата на директорот, пишува „24сата“.

-За питоните вообичаено е да се парат во зимските месеци, а ниските температури само ги охрабруваат. Привремено го сместивме Јохан во мојата канцеларија, а потоа ја донесовме ја донесове и женката кај него. Нормално е да се парат од половина до два часа, но нивното „водење љубов“ не престанува веќе шести ден – изјавил директорот на Зоолошката градина, Дамир Скок.

По парењето, по шест до осум недели, женката треба да положи 10 до 20 јајца. За сето ова време таа не јаде – објаснува директорот.

]]>

Најчитани вести