Почина музичкиот продуцент Фил Спектор

Американскиот музички продуцент Фил Спектор почина на 81-годишна возраст. Како што објави „Вашингтон пост“, Спектор се заразил со коронавирус во затворот каде што ја издржувал казната и бил пренесен во болница поради компликации во дишењето.

Но, лекарите повеќе не успеале да му помогнат.

https://www.youtube.com/watch?v=WO6AjJOtGU4

Спектор, ја трансформираше поп сцената и беше едно од најистакнатите имиња во музичкиот свет во 1960-тите години создавајќи безвременски хитови. Соработувал со „Битлси“, Тина Тарнер, Леонард Коен, Џон Ленон, Брус Спрингстин и многу други.

Во 2009 година Спектор беше осуден на 16 години казна затовор заради убиството на актерката Лана Кларксон.

https://twitter.com/washingtonpost/status/1350841076094009348

Актерката Кларксон била убиена со еден истрел во устата на 3 февруари 2003 година, неколку часа откако се сретнале со Спектор. Таа била пронајдена мртва во неговата куќа во Алхамбра, Калифорнија, а клучен сведок во судењето бил возачот на Спектор, кој тврдел дека Спектор тогаш излегол од куќата со мрморење дека „убил некого“. Адвокатот на Спектор тврдел дека актерката извршила самоубиство, додека обвинетиот еднаш во едно интервју рече дека Кларксон го бакнала пиштолот пред да го повлече чкрапалото.

https://www.youtube.com/watch?v=C6i9PJetUyg
]]>

Најчитани вести