Порториканскиот пејач Рики Мартин (49) објави нова фотографија на Инстаграм изненадувајќи ги неговите фановови, особено оние од понежниот пол.

Станува збор за селфи во кое се гледа половина од неговото лице, а изненадувањето е промената на изгледот.
Рики Мартин си ја избланширал брадата, а многумина помислиле дека „обелел“. Пејачот до фотографијата напишал и краток опис:
„Кога ти е досадно, избланширај се“ – напишал тој во описот на фотографијата на Инстаграм, која собра повеќе од 750.000 „лајкови“.

Рики Мартин на Инстаграм го следат 14,9 милиони следбеници.
Фасцинантен факт е дека жените ширум светот сè уште лудуваат по Рики, иако популарниот „латино крал“ пред 10 години јавно призна дека е хомосексуалец.
]]>


