Предновогодишен вински базар во кавадаречкиот Вински музеј

Во рамки на новогодишната програма на Општина Кавадарци, Здружението Винотек во соработка со Вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци, организираат традиционален предновогодишен вински базар.

Јован Еленов, претседател на Винотек, појасни дека може да се дегустира вино од повеќе мали семејни винарии и дестилерии, но и да се пробаат и други традиционални производи од грозје. 

Директорката на Винскиот музеј, Весела Честоева кажа дека целта на настанот е да се промовираат винскиот туризам во регионот и винската култура.

Љубителите на македонски вина од Тиквешијата, па и пошироко, денеска имаат неповторлива можност да пробаат вино од оние кои со многу љубов и труд ги создаваат овие волшепства. Настанот се организира со цел да се промовираат винскиот туризам во регионот и винската култура, подвлече Честоева.

Винскиот базар се одржува трета година по ред. Настанот е збогатен со музичка програма. 

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести