Преплавена со нарачки: Нема веќе ракавици како тие на Берни Сандерс

Наставничка од Вермонт, која стои зад удобните ракавици што ги носеше сенаторот Берни Сандерс, објави дека сите ракавици ѝ се продадени.

Таа вели дека имала многу нарачки на ракавици како тие, но за жал нема повеќе, сите ги продала.

„Ви благодарам за вашиот интерес за ракавиците на Берни“, напиша на социјалната мрежа Твитер, Џен Елис, пренесе Си Ен Ен.

Таа рече дека е поласкана што Сандерс ги носел нејзините ракавици на инаугурацијата и додаде дека има многу други кои прават ракавици како нејзините.

Пред неколку години, Елис, која предава на ученици од второ одделение, му ги подарила лично овие рачно плетени раквици на сенаторот од Вермонт за време на кампањата.

Сепак, таа не очекувала да ги носи на настан како што е инаугурацијата.

https://twitter.com/vtawesomeness/status/1352050649412886529
]]>

Најчитани вести