Последниве неколку дена, во центар на вниманието е веста за можниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер.
И додека целиот свет чека оваа вест официјално да ја потврдат или да ја демантираат, Ана сподели фотографии на Инстаграм.
„Зајдисонца, денови на плажа и тениски сесии“, напиша Ана во описот на своите фотографии на Инстаграм.
Ана и Бастијан имаат три сина – Лука, Леон и Тео, а Ана моментално живее во Белград, додека Бастијан е претежно ангажиран поради бизнисот во Минхен.


